Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон оваа година не присуствуваа на традиционалниот предбожиќен ручек во Бакингемската палата, пишува „Дејли мејл“. Причината за нивното отсуство не е позната, а Вилијам и Кејт веќе најавија дека празниците ќе ги поминат со децата во нивниот дом, палатата Сандрингам.
Странските медиуми пишуваат дека причина за нивното отсуство може да биде настан од 2006 година.
Имено, покојната кралица Елизабета направила невиден потег и за прв пат ја повикала девојката, партнерката на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон на божиќен ручек. Тогаш сите биле зненадени бидејќи беше вообичаено да се канат само брачни парови на ручеци, а она што уште повеќе ги изненади многумина е фактот што Кејт Мидлтон ја одбила поканата на кралицата.
Принцезата Дијана не беше поканета во 1980 година, само два месеци пред да биде објавена нејзината свршувачка со Чарлс.
Вилијам и Кејт се запознале додека се уште студирале, а во 2006 година веќе биле во сериозна врска пет години. Во својата биографија „Battle Of Brothers“, историчарот Роберт Лејси напиша: „До 2006 година, парот беше во сериозна врска во поголемиот дел од пет години. Меѓутоа, кога Вилијам ја покани Кејт да му се придружи таа година во Сандрингем на традиционалниот божиќен ручек на кралското семејство, таа одби. Тоа беше прв пат кралицата да упати таква покана на „нерегистрираната девојка“, но Кејт имаше свое мислење за прекинот на традицијата: таа би одела во Сандрингам на Божиќ само ако е свршена и носи прстен.
Самоволното „не“ на Кејт покажа дека таа е подготвена да ја почитува традицијата и да чека да дојде вистинското време. Таа не беше подготвена да ја гази историјата во брзањето да се омажи за кралско семејство.