EPA-EFE/Domenic Aquilina

Хари Кејн е загрижен пред почетокот на Европското првенство, и по изненадувачкиот пораз што им го нанесоа Исланѓаните (1:0) на „Вембли“ во подготвителниот меч.

Капитенот на тимот на Герет Саутгејт ги повика играчите да гледаат во овој неуспех како повик за будење пред 16 јуни и премиерата во Германија против селекцијата на Србија.

  • Ваквите порази можат да бидат повик за будење за сите нас. Мораме да разбереме дека нема да биде лесно како што мислат луѓето. Имаме многу работа да завршиме, понекогаш треба да се разбудите. Многу елементи што треба да ги поправиме, особено во пресингот. Натпреварите во групната фаза ќе бидат слични на овој против Исланд, порача Кејн.