Кецмановиќ осудени за масакрот во „Рибникар“ – за таткото максимална казна

133

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето убиец Коста.К.(14), кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, денеска во Вишиот суд во Белград беа прогласени за виновни и осудени.

Таткото на момчето убиец доби единствена казна затвор од 14 години и шест месеци, додека Миљана е осудена на три години затвор. Ослободена е за делото недозволено поседување оружје.

Исто така обвинетиот инструктор на стрелиштето каде пукаше момчето убиец Немања М е осуден на затворска казна од една година и три месеци.

Денеска пресуда за Кецмановиќ за злосторството што го изврши нивниот син!

ИЗДВОЕНИ