Ќе сведочи ли Гоце Трајковски на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче?

969

На денешното рочиште од судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој минатата недела самиот се предаде во полициска станица.

Полицијата подолг период го бараше Трајковски за друго кривично дело, подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода.

Трајковски треба да сведочи и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на девојчето и како грабнувањето го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше ладнокрвно убиен неколку дена пред Вања.

На последното рочиште, обвинителката инсистираше и понатаму да се бара Трајковски и да биде донесен да сведочи, а не само да биде прочитан неговиот исказ даден во Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ