Министерот за внатрешни работи, Тошковски рече дека е донесена потребната опрема за вмрежување на системите, инсталирањето на опремата и увиделе како технички ќе функционира.

– Во рамки на една платформа ќе се споделуваат информации што ги имаме помеѓу двете министерства, сè со цел да овозможиме, преку само констатација од страна на еден полициски службеник да можат косовските граѓани да влезат во Македонија и исто македонските граѓани да влезат во Косово преку контрола да речеме само од страна на еден полициски службеник. Секоја држава го штити својот влез – изјави Тошковски

 

Побрз проток на патници, единствена контрола при влез на патниците во земјава се бенефитите од функционирањето на системот „One Stop Shop“ помеѓу Република Македонија и Косово на граничниот премин „Блаце“, кои ги соопштија министрите за внатрешни работи, Панче Тошковски и Џелал Свечла, кои заедно со вицепремиерот Изет Меџити го посетија преминот.

Претставниците од двете соседни земји ги увидоа подготовките за почетокот на функционирањето на проектот. Министерот за внатрешни работи, Тошковски рече дека е донесена потребната опрема за вмрежување на системите, инсталирањето на опремата и увиделе како технички ќе функционира.

– Во рамки на една платформа ќе се споделуваат информации што ги имаме помеѓу двете министерства, сè со цел да овозможиме, преку само констатација од страна на еден полициски службеник да можат косовските граѓани да влезат во Македонија и исто македонските граѓани да влезат во Косово преку контрола да речеме само од страна на еден полициски службеник. Секоја држава го штити својот влез – изјави Тошковски.

Тој рече дека ќе се овозможат градежни зафати со кои ќе се прошират влезовите кон Македонија, ќе има и соодветни услови и кон Косово. Во моментот на преминот има три кабини, каде што со мобилни „лаптопи“ ќе се обезбедат шест позиции на кои ќе се врши контрола, со цел, како што рече министерот, граѓаните побрзо да можат да го остваруваат влезот.

– Да овозможиме соодветна комуникација каква што доликува на две европски држави – рече Тошковски.

Министерот Меџити нагласи дека овој систем, кој наскоро ќе биде ставен во функција, ќе ги поедностави граничните процедури, ќе го намали времето на чекање и ќе го олесни движењето на граѓаните.

– Oва e значаен чекор во зајакнувањето на односите меѓу двете земји и во подобрувањето на искуството на граѓаните при преминување на границата – истакна министерот Меџити.

Според него, од оваа соработка директно ќе имаат корист нашите граѓани, особено Албанците од Косово и од Северна Македонија, кои се тесно поврзани на културно, јазично и семејно ниво.

– Овој систем ќе донесе значителни олеснувања во движењето и прекуграничната комуникација – изјави Меџити, нагласувајќи ја важноста на овој чекор за понатамошно приближување на двете држави.

Тој додаде дека ова е заедничко постигнување на владите на Северна Македонија и Косово, договорено на последната меѓувладина средба во Приштина, кое ќе има директно влијание врз животот на граѓаните и ќе го зајакне регионалниот соработката.

ИЗДВОЕНИ