Пред зградата „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11, жителите со години се спротивставуваа на обидите за узурпација на просторот зад зградата, кој првично бил предвиден за паркинг, но подоцна незаконски добил маркица за градба. Во минатото, тие се соочија со насилни приведувања, притисоци и судири со инспекторите и со полицијата, бранејќи го својот имот од градежната механизација.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги известил граѓаните што живеат на таа локација дека е најдено решение за проблемот. Со помош на една наша банка, која ја има оваа парцела под хипотека, обезбедена е донација на земјиштето во корист на Општината. Дополнително, со поддршка од таа банка, ќе биде покриен трошокот за рушење на нелегално изградената градба, а Општината ќе го преземе расчистувањето на теренот.

– Со оглед на ограничениот пристап и специфичноста на просторот, целиот процес ќе се одвива во неколку фази, со ангажман на соодветна механизација – информираа од Центар и велат дека заедно со жителите ќе се дефинира најдоброто решение за уредување на просторот.

По 20 години борба, оваа неправда е, конечно, исправена, вели Герасимовски.

ИЗДВОЕНИ