Ќе се соберат повеќе даноци и придонеси, сузбивање на сивата економија

56

Најавата на премиерот Христијан Мицкоски за изработка и ставање во процедура на предлог на Закон за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија, е поздравена од Партијата на пензионери. Оттаму велат дека во повеќе наврати досега предлагале вакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на пензионерите и студентите.

– Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во речиси сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите, но и самата држава беа губитници, донесување на вакво законско решение претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација, но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите – потенцираат од Партијата на пензионери.

Сметаат дека со ова законско решение ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија.

ИЗДВОЕНИ