Се санираат 11 училиници во ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево

33

Во основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево, е во тек санација на 11 училници, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата за 643 ученици од прво до деветто одделение.

Во рамките на санацијата, која е со вредност од 1.250.000, 00 денари, обезбедени од буџетот на општина Кисела Вода, се опфатени активности за реновирање на подови на површина од 360 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ја истакна важноста од модернизација на образовните објекти и обезбедување оптимални услови за учениците.

-Со завршувањето на планираните активности, ООУ „Кузман Шапкарев“ ќе добие подобрени просторни и функционални капацитети, што директно ќе придонесе за квалитетот на образованието и удобноста на учениците и наставниците. Со оваа санација, во комбинација со доградбата на две нови училници, која веќе е завршена, и планираната доградба на уште три, создаваме предуслови за учениците од ООУ „Кузман Шапкарев” да посетуваат настава само во една смена. Ова е една од нашите најважни цели – децата да учат во подобри услови, без пречки и со можност за целосна реализација на наставниот процес. Едносменската настава значи повеќе време за воннаставни активности, спорт, дружење и семејство, и наскоро ќе биде реалност во сите основни училишта на територијата на Општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.