Преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“ Јапонија обезбеди поддршка за реализација на проекти во Здравствениот дом – Вевчани и во основното училиште „Св. Климент Охридски“, во Битола.
-Проектот за реконструкција на покривот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, во вредност од 80.314 евра, ќе помогне за подобрување на образовната средина за учениците – информираат од Амбасадата на Јапонија.
За таа цел беа потпишани договорите од страна на амбасадорката на Јапонија во Македонија, Сецуко Кавахара, со директорите Рената Пешиноска на ЈЗУ Здравствен дом – Вевчани и Предраг Созовски, директор на основното училиште „Св. Климент Охридски“, во Битола.
-Ова е втор пат да сме приматели на јапонска помош. Со овој втор добиен грант и по висината на одобрените средства, покрај нашата Влада, Јапонија преставува најголемиот поддржувач и помагач во реализацијата на воспитно – образовниот процес во училиште. Оваа донација ќе овозможи подобри услови за реализација на наставниот процес правејќи го нашето училиште по безгрижна и по безбедна училишна средина – рече Созовски.