Ќе се продолжи ли примирјето меѓу Русија и Украина?

32

Велигденскиот прекин на огнот истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никакви наредби за негово продолжување“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Руската Федерација.

Путин го објави прекинот на огнот во саботата на средба со началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов. Тој изјави дека важи од 18:00 часот по московско време на 19 април до 00:00 часот по московско време на 21 април – вкупно 30 часа.

„Немаше други наредби“, одговори Песков на прашањето дали прекинот на огнот ќе истече ноќта на 21 април или дали може да биде продолжен, јавуваат руските медиуми.

ИЗДВОЕНИ