Туристичкиот локалитет „Липона ливада“, во Националниот парк „Галичица“ ќе добие нова урбана опрема, за што и официјално е потпишан договор.
Станува збор за проектот „Подобрување на управувањето со Национален парк Галичица“, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во чии рамки ќе се започне со изградба на инфраструктурни објекти, со цел подобрување на туристичката понуда во паркот.