Ќе се постават 138 улични светилки со соларно напојување

47

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје, заедно со Општина Куманово, во наредниот период ќе постави 138 улични светилки со соларно напојување на повеќе локации, во неколку населени места.

Во Бавки ќе бидат поставени 50 улични светилки со соларно напојување, во Средорек 34 светилки, во Карпи 50 светла и на улицата „Тане Георгиев“ четири светилки.

– Постојните улични светла ќе бидат заменети со соларно напојување, преку фирма што е задолжена за одржување на уличното осветлување. Ромската заедница од Куманово, преку доброволна работа, ќе биде вклучена во процесот на замена. Локалната акција Институтот „Ромалитико“ ја имплементира преку проектот „Заедно за просперитетна заедница“, кој е финансиски поддржан од УСАИД.