Ќе се отстрануваат кабастиот отпад и градежниот шут

232

Општина Битола, како центар на Пелагонискиот Плански Регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира фрлање на кабастиот отпад и на градежниот шут, во периодот од 15 до 20 март, во рамките на акцијата „Заедно средуваме – заедно уредуваме“.

Акцијата, која еднаш веќе беше спроведена во февруари, ќе продолжи и во април. Граѓаните ќе можат да го остават отпадот од 7:00 до 15:00 часот.

Притоа, кабастиот отпад ќе се остава во кругот на стопанскиот двор на ЈКП „Комуналец“, на улицата „16“ бб, додека градежниот шут ќе се фрла во кругот на стопанскиот двор на КЈП „Нискоградба“, исто така на улицата „16“ бб.

Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и за обезбедување услови за фрлање и собирање на кабастиот отпад и на градежниот шут.

 

ИЗДВОЕНИ