Шаховски турнир во забрзан шах КАРПОШ РАПИД 2025, организиран од општина Карпош и Шаховскиот Клуб Гамбит Ассеко СЕЕ ќе се одржи на 1 март 2025 година (сабота), со почеток во 10.30 часот во хотелот “Александар Палас”. Пријавување на турнирот може да се направи најдоцна до 01 март 2025 до 10:00 часот.
Потврда за присуство на турнирот треба да се направи од 9:00 до 10:00 часот (Играчи без ФИДЕ код треба да се пријават најдоцна еден ден порано со 300 денари платена такса согласно правилникот за регистрација на Шаховската Федерација на Македонија).
Турнирот ќе биде рејтингуван во ФИДЕ и ќе се игра согласно ФИДЕ правилата за забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем. Сите партии ќе се играат истиот ден со почеток во 10:30 часот. Еден час пауза е планирана после 5то коло. Турнирот е меѓународен и отворен за сите заинтересирани шахисти без оглед на рејтинг, титула или место на живеење. Таксата за регистрација е 600 денари (10 евра).
Играчи со рејтинг поголем од 2300, како и титулирани играчи (машки или женски ГМ, ИМ, ФМ) ќе бидат ослободени од таксата.
Наградниот фонд е 100.000 денари (1.625 евра).