Спортот пишува неверојатни приказни, а најчесто тоа се случува на големи натпреварувања, Светски првенства или Олимписки игри, каде што учествуваат некои земји кои се аматери или, пак, доаѓаат од некое егзотично место.

Така ќе биде и годинава на Светското скијачко првенство во Залбах, Австрија.

Човек кој едноставно не се откажува, а се вика Жан-Пјер Рој и доаѓа од островската земја Хаити. Рој ќе го претставува Хаити во велеслалом и слалом, кој ќе се натпреварува во квалификациските трки.

Роден е 1963 година, па годинава наполни 61 години, а својата земја редовно ја претставува на Светските првенства и Олимписките игри.

Многумина веруваат дека приказната на Жан-Пјер Рој може да биде уште подобра од онаа на легендарниот јамајчански боб-тим.

Од 2011 година го претставува Хаити на големите натпреварувања каде што добива специјална покана. Самиот оди на тренинг, има сопствено комбе, си купува опрема, тренира рекреативно можеби еден месец на француските зимски центри и тоа е сè. Првпат стапнал на скии како дете во 1975 година.

Во Франција сака да најде друг скијач кој ќе се натпреварува за Хаити кога ќе ја заврши „кариерата“, а со оглед на тоа дека на стартот на трките ќе се појави на 61 година, прашање е кога ќе заврши кариерата.

Ваквите приказни се инспирација за младите, а нема сомнеж дека овој мајстор од Хаити ќе добие големи овации во финишот во Залбах.

 

ИЗДВОЕНИ