Влез се обврзани да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, освен жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти, како и правните лица регистрирани на територијата на паркот се ослободени од надоместок за движење во своите зони. Така, влез за мотор и автомобил ќе чини 150 денари, за влез на комбе и минибус до 20 седишта ќе се наплатува 250 денари, додека автобус и тешко моторно возило ќе плаќаат 450 денари.  

За да не се случува движење и оштетување на природата на Шар Планина со мотоциклите со четири тркала од НП „Шар Планина“ се поставени дрвени препреки на одредени места на заштитеното подрачје. Тоа следи откако минатата недела од НП „Шар Планина“ споделија видео од тоа како такви мотоцикли ја уништуваат тревата и земјата на подрачјето националниот парк

 

Од петок (2 мај) во Националниот парк „Шар Планина“ ќе се наплатува за влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код.

Влез се обврзани да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, освен жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти, како и правните лица регистрирани на територијата на паркот се ослободени од надоместок за движење во своите зони.

Така, влез за мотор и автомобил ќе чини 150 денари, за влез на комбе и минибус до 20 седишта ќе се наплатува 250 денари, додека автобус и тешко моторно возило ќе плаќаат 450 денари.

Влезот се плаќа со праќање на СМС порака со категорија на возилото и број на регистрација на 144-555 или со скенирање на QR код со избирање на категорија на возило и внесување на бараните податоци. Пример за СМС порака: А ТЕ5678ЕТ (за автомобил).

– Стратешките заложби на ЈУ Национален парк „Шар Планина“ се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк. Со праќање на СМС порака за влез на моторното возило, директно се придонесува кон заштитата на природата на Шар Планина и се помага во зачувување на ова уникатно природно богатство за идните генерации – велат од НП „Шар Планина“.

За да не се случува движење и оштетување на природата на Шар Планина со мотоциклите со четири тркала од НП „Шар Планина“ се поставени дрвени препреки на одредени места на заштитеното подрачје. Тоа следи откако минатата недела од НП „Шар Планина“ споделија видео од тоа како такви мотоцикли ја уништуваат тревата и земјата на подрачјето националниот парк.

– За оштетувањето на почвата со моторни возила кое се случи минатиот викенд во Национален парк „Шар Планина“, во изминатите неколку денови преземавме низа мерки. Со малку планирање и малку труд но голема желба, вчера поставивме дрвени препреки за да се спречи понатамошно оштетување на локалитетот кај боровите стебла над селото Бозовце. Голема благодарност за иницијативата до Пиктрип до локалното население и до сите учесници кои помогнаа во оваа иницијатива – велат од НП „Шар Планина“.

Со оглед дека користењето на вакви возила е тренд од НП „Шар Планина“ посочувааат дека е важна спречувањето на деградацијата на природната околина.

– Против сторителите кои предизвикаа деградација на почвата на овој предел презедовме прекршочни мерки. Користењето на моторни возила во природа во последните години е тренд. Потсетуваме дека Шар Планина е прогласена за Национален парк токму поради вредностите кои секој од нас има обврска да ги чува. За нас и идните генерации. Почитувајте ги правилата за движење на моторни возила и реализирајте ги вашите активности водејќи сметка за локалното население, дивите животни и другите посетители кои исто така дошле да уживаат во прекрасната Шар Планина – потенцираат од Националниот Парк.

Минатата недела на подрачјето на Националниот парк се изврши пошумување на 500 садници од јавор, со поддршка и донација од граѓанското здружение Традита.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ