Ќе се набават 120 еколошки автобуси – 80 се за ЈСП

44

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.

– Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамките на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП – Скопје и за подобрување на јавниот превоз, а другите 40 ќе бидат распределени согласно со економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа – велат од Владата.

Набавката на еколошки автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и за намалување на загадувањето на воздухот во општините, за одржлив развој и за заштита на животната средина.

ИЗДВОЕНИ