Го отворивме прашањето на државниот грб, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.
За време на посетата на Кавадарци тој одговори на новинарското прашање дали постои договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за промена на државниот грб?
-Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб. Тоа беше пред неколку години, ако не се лажам, во 2014 или 2015-тата година. Така мислам дека тоа се случи. Инаку, ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави, би рекол постсоцијалистички, кои се уште за државниот грб го имаат стариот со некои модификации. Кратко да кажам, имаше договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста Влада, кога таа Влада ја водеше, мислам, Никола Груевски – одговори Мицкоски.