Општина Крива Паланка ќе изнајмува продажни штандови – монтажно- демонтажни објекти кои ќе ги постави по повод новогодишните и божиќните празници и празникот Богојавление – Водици. За таа цел Општината распиша јавен повик.
Заинтересираните физички и правни лица барањата за одобрување на некоја од дефинираните локации во центарот на Крива Паланка можат да ги поднесуваат до Општината на одобрување, а ќе се однесуваат за периодот од 28.11.2024 година, па заклучно со 20.01.2025 година.
Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на: греено вино, храна, печени костени, крофни и палачинки, кафе и топли напивки, новогодишни пакетчиња, новогодишни честитки, сувенири и ракотворби, детски играчки и фотографија.
Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе бидат со работно време од 10 до 22 часот, секој ден, во временскиот период од 28.11.2024 година до 20.1.2025 година.
Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Заинтересираните, барањата можат да ги поднесуваат од 22.11.2024 година па сè до исполнување на локациите.