Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, информираше на социјалните мрежи дека од утре ќе стартуваат со најголемата градежна офанзива. Според него, ќе бидат опфатени 70 улици, во вредност од 130 милиони денари.

– На мое големо задоволство, сакам да ве известам дека од утре ќе започнеме со најголемата градежна офанзива за изградба на нови улици и за реконструкција на постојните. До крајот на оваа година или поточно до крајот на мојот мандат, ќе се инвестира во патната инфраструктура како никогаш досега. Ќе бидат реконструирани 70 улици во сите населени места, а некои улици прв пат ќе добијат асфалт. Дел од овие улици се клучни коловози во населените места.

Едни од поголемите улици што се опфатени со оваа градежна офанзива се: „Боро Менков“; „30“ (главната улица во н.м. Љуботенски Пат); „Боро Кралевски“; „Бетовенова“; „Симче Настевски“; „Марко Крале“; „Коритница“; „Киро Димушков“ и улицата „1559“.

– Еднакво ќе се инвестира во сите населени места – вели Костовски.

Градоначалникот посочи дека ова се инвестиции само во патната инфраструктура и дека наскоро ќе бидат промовирани и другите капитални проекти за кои тој верува ќе бидат од големо значење за граѓаните на Општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ