Ќе се гради училишна спортска сала во Долно Лисиче

21

В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска потпишаа договор за изградба на нова училишна спортска сала во Долно Лисиче.

Од Општина Аеродром информираат дека во скоро време се очекува да се спроведе јавна набавка, а до крајот на годината да отпочнат градежни активности.