На територијата на општина Македонска Каменица ќе се гради главен колектор на потегот од селото Моштица до Македонска Каменица. За таа цел, започнатa e постапката за јавна набавка со која е предвидена и изградба на третиот крак од фекална канализација во село Моштица.
– Проектот има проценета вредност од 6.120.000 денари, со предвиден рок на изградба од 180 денови. Наша цел, во согласност со Законот за јавни набавки, е да обезбедиме највисок квалитет на услугата и најповолен понудувач со најниска цена – се наведува во информацијата од Општина Македонска Каменица.
Според градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, станува збор за проект со клучно значење за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и зголемување на грижата за општата здравствената состојба на населението.
– Реализацијата на проектот овозможува ефикасно собирање и одведување на отпадните води од овој дел на село Моштица и нивно поврзување со главната фекална канализација во Македонска Каменица. Уверен сум дека со оваа инвестиција ја оправдаме дадената доверба и правиме уште еден чекор кон поубава и поквалитетна иднина за сите нас и нашите идни генерации – потенцираат од локалната самоуправа.