Ќе се финансираат проекти што обезбедуваат социјални услуги за ранливите групи граѓани

11

Општина Центар го подобрува пристапот до социјални услуги и поттикнува социјална инклузија. За таа цел е распишан јавен повик за финансирање проекти што обезбедуваат социјални услуги за ранливите групи граѓани: психосоцијална поддршка за жртви на насилство, помош за младите во ризик од зависности и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост.

За финансирање на понудените социјални услуги, во согласност со овој јавен повик, ќе се користат средства од буџетот на Општина Центар за 2025 година. Исплатата ќе се врши во две транши, и тоа: првата транша по потпишувањето на договорот и поднесеното барање за исплата на првата транша во висина од 50 % од одобрениот износ и втората транша по поднесениот извештај на половина од договорниот период и барањето за исплата на втората транша во висина од 50 % од одобрениот износ.

Право на учество во јавниот повик имаат здруженијата даватели на социјални услуги со седиште на територијата на Општина Центар.

Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта, на адреса: Општина Центар, улица „Михаил Цоков“, број 1, 1000 Скопје или во архивата на Општина Центар – Скопје (барака 6), од 9:00 до 15:00 часот.

 

ИЗДВОЕНИ