Општина Центар и годинава објави јавен повик за доделување локации за поставување подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на 14 локации во централната градска зона. Право на учество имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност и сите лица што вршат занаетчиска дејност, а подвижните објекти може да се користат за угостителски услуги (продажба на јадења, напивки, сладолед и слично). Сите заинтересирани може да аплицираат според принципот „прв дојден – прв услужен“.

– Јавниот повик е одлична можност за сите заинтересирани лица да основаат или да го прошират својот бизнис во срцето на градот. Со обезбедувањето локации во Центар, не само што го поддржуваме развојот на малите бизниси туку и создаваме простор за иновации и за креативност во угостителскиот сектор. Преку нашиот повик, се залагаме за подобрување на урбаната средина, создавајќи современи и еколошки прифатливи решенија што ќе ја збогатат понудата за граѓаните и за туристите. Ги повикувам оние што сакаат да аплицираат, да нè контактираат – вели градоначалникот Горан Герасимовски. 

Локациите ќе се даваат за користење на период од 12 месеци, а подвижните објекти треба да исполнуваат минимални еколошки стандарди и да не го нарушуваат амбиентот. Повикот ќе трае цела година, сè додека има слободни локации.

 

ИЗДВОЕНИ