Оставка од претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска која во моментов има забрана за вршење на дејноста не побараа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ. Тие ќе ја почекаат истрагата па потоа ќе се произнесат.
„Најсоодветно е прво да видиме што ќе покаже истрагата. Ние внимателно ги следиме информациите. Внимателно ги следиме сите детали поврзани со овој случај, ја почитуваме и презумпцијата на невиност“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.
На слична линија е и ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија ги повикаа надлежните органи да го расчистат случајот.
„Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување. Од аспект на морал, поголема е одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Првата антикорупционерка е осомничена за оддавање службена тајна за предметот „Адитив“, а нејзините поранешни колеги побараа веднаш да си даде оставка бидејќи со нејзиниот молк, ја инфицира целата институција. Во спротивно, пбараа тоа да го стори Собранието кое ја назначи.