Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за почетокот на имплементацијата на надградбата на системот.
-Ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Тоа значи дека освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните оптички кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи за сето тоа, ќе треба да промениме и законска легислатива, ќе треба да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките. Ќе треба еден поширок институцонален пристап да се има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение. Овој проект е многу важен, нагласи Тошковски.
Тошковски додаде дека секој еден кој дивее по улиците ќе биде казнет, а секој еден кој го почитува законот нормално дека треба мирно да спие.
„Ќе бидат казнети оние кои дивеат по улиците, кои возат во алкохолизирана состојба и оние кои наместо 80, возат 200. Тие ќе бидат казнети“, вели Тошковски.