Од Министерството за култура и туризам велат дека е во тек постапка за ангажирање субјект за испитување на конструкцијата по опожарувањето на објектот, што, како што велат, е неопходно за продолжување со градбата. Оттаму додаваат дека Владата донела заклучок со кој се предвидени задолженија и активности за спроведување постапки за отстранување на недостатоците и пропустите утврдени во постапката за преземање на реконструкцијата.
– Постапувајќи по заклучоците на Владата, во тек е постапка за ангажирање адвокатски услуги за застапување во управните постапки што треба да се завршат за да се комплетира процесот – одговорија од Министерството за култура и туризам
И девет месеци по опожарувањето, Универзална сала сè уште не е обновена и е оставена да пропаѓа. Одолжувањето настана со постапката за предавање на реконструкцијата на објектот од Град Скопје на Министерството за култура, за што сегашниот министер Зоран Љутков констатираше дека е незаконски спроведено.
Од Министерството за култура и туризам велат дека е во тек постапка за ангажирање субјект за испитување на конструкцијата по опожарувањето на објектот, што, како што велат, е неопходно за продолжување со градбата.
Оттаму додаваат дека Владата донела заклучок со кој се предвидени задолженија и активности за спроведување постапки за отстранување на недостатоците и на пропустите утврдени во постапката за преземање на реконструкцијата.
– Постапувајќи по заклучоците на Владата, во тек е постапка за ангажирање адвокатски услуги за застапување во управните постапки што треба да се завршат за да се комплетира процесот – одговорија од Министерството за култура и туризам.
Имено, и претходно додека беше Бисера Костадиновска-Стојчевска министерка во тогашното Министерство за култура, експертиза за состојбата на Универзална сала по опожарувањето правеше Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Таа, како што изјави тогаш Михаил Гаревски, директор на овој Институт, покажала дека нема оштетувања на металната конструкција на објектот. Приватниот институт беше избран од фирмата изведувач „Универзал Балкан“.
Тогаш, како што кажа Гаревски, иако не е оштетена конструкцијата, сепак, заедно со изведувачот на градежните работи било договорено да се заменат шесте елементите кај кои било констатирано дека се набабрени и да се направи зајакнување на прстенот.
Испитувањата беа правени детално, односно со 30-метарски кран, при што беше направена детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата.
Она што последно го изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е дека има три-четири клучни точки што го стопираат процесот, но се надева дека ќе бидат откочени за брзо време. Исто така, се надева дека, со тимот што го има, тој ќе биде откочен за многу брзо време.
– Верувајте, работиме многу експедитивно и многу брзо, но, сепак, тоа се некои административни процедури и задачи кои ги даваме, а за кои треба да помине малку време додека да се пристапи до нив – кажа Љутков.
Тој изрази надеж дека ќе заврши постапката до локалните избори, бидејќи веќе се распишани тендерите.
Инаку, Љутков, уште при преземањето на функцијата министер, тврдеше дека преземањето на Универзална сала од Град Скопје е незаконски спроведено. Тогаш рече дека целата документација за случајот во кој Министерството за култура со претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска ја презеде Универзална сала заради изградба, е предадена во Обвинителството за да се истражи.
Одлуката за преземање на Универзална сала беше изгласана во Советот на Град Скопје во септември 2023 година.
Пожарот во Универзална сала избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за нејзина реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал Балкан“ рекоа дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.
(А.П.)