Селекторот на македонската ракометна репрезнтација Кирил Лазаров по завршување на настапот на Светското првенство, зборуваше на повеќе теми. Една од нив беше и неговата иднина на клупата на репрезентацијата.

Околу мојата иднина треба да видиме. Треба да ги оладиме главите, да видиме што ќе се случува и како новите луѓе го планираат сето тоа. Јас имам своја визија и стратегија, доколку тие се заинтересирани ќе го кажам моето мислење. Секогаш сум бил тука за Македонија, во една или друга улога секогаш и ќе бидам. Останува да видиме во каква улога, многу пати сум бил тука кога било потребно, така е веќе две децении. Прво да ги сумираме впечатоците, да видиме што ќе се случува и потоа ќе донесеме заедничка одлука кој ќе биде за доброто на македонскиот спорт. Спортот обединува, особено ракометот бидејќи има најмногу успеси“, изјави Лазаров.

Кирил Лазаров ја предводи Македонија од 2021 година. Прво беше во улога на селектор-играч, меѓутоа по спортската пензија остана само како селектор на националниот тим.

ИЗДВОЕНИ