Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) апелираат до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што ги добиваат граѓаните за електрична енергија од страна на „ЕВН Хоум“.

Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, рече дека секојдневно пристигнат поплаки до нив од граѓани што се жалат за високи сметки и ненавремено читање на струјомерите од службените лица на „ЕВН Хоум“.

– Грабежот на ЕВН треба да престане. Размислуваме што да преземеме, дали ќе организираме протести, дали ќе почнеме да собираме потписи за одземање на лиценцата, ќе видиме. Сметка испечатена на еден датум, а корисникот ја добива на крајот од месецот и мора да плаќа камати. Одговорот на ЕВН е дека вината е во поштарот, а не кај нив – рече Ристески.

ИЗДВОЕНИ