Појавата на брчките е невозможно да се спречи, но можете да ги забавите со континуирана нега со природни состојки.
Еден од најболните моменти во животот на секоја жена е одразот во огледалото кој ја покажа првата брчка на лицето. Со текот на времето, тие стануваат се побројни, а до 50-тата година од животот, лицето на некои жени е збрчкано како кожата на Шарпеи.
Но, постои природен начин на кој можете да го забавите времето. Овој ефикасен крем против брчки има и одлични својства за избелување – ја отстранува пигментацијата и флеките, бидејќи јодот е дел од овој крем.
Состојки за најдобриот домашен крем за лице
1 чаша мед
1 лажица вазелин
1-2 капки јод
1 чаша рицинусово масло
Подготовка
Прво сипете јод во стаклен сад. Но, не повеќе од 1-2 капки. Потоа додадете мед, вазелин и рицинусово масло. Сè добро измешајте. Чувајте го кремот на студено и темно место не повеќе од еден месец.
Примена
Нанесете тенок слој крем против стареење на добро исчистено лице. Кремот мора добро да се измеша пред нанесувањето. Можете да го подобрите ефектот со лесно масирање на кожата.
Кремот може да се користи и како маска. Нанесете дебел слој на лицето и оставете да делува 15 минути до еден час.
Овој крем ќе ја направи вашата кожа поеластична, ќе ја храни со корисни материи и ќе ја отстрани напнатоста и мртвите клетки на кожата. Совршено ќе ви го затегне лицето и ќе му ја врати младоста.