Евролигата би можела да направи огромна промена во наредните сезони и да ја прошири својата конкуренција, дури и да ја подели на конференции. Ова го соопшти Арис Баркас, уредник на „Јурохапс“ и еден од најдоверливите кошаркарски новинари во Европа.

Како што наведе, Евролигата веќе одржала состанок на кој станало збор за планот за проширување на натпреварувањето.

– Евролигата им претстави план на клубовите/акционерите за проширување на лигата на 20 екипи. Ова доаѓа со опција за промена на форматот на две конференции и сезона од 28 натпревари – напиша Баркас на „Твитер“.

Евролигата моментално има 18 екипи и една табела, при што секоја екипа игра натпревари дома и на гости, во текот на сезоната. Засега не е познато како точно би биле поделени конференциите, а една од претходните шпекулации беше географски.

ИЗДВОЕНИ