
Лондонскиот премиерлигаш Арсенал планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со дури 11 фудбалери. Како што информираат британските медиуми, излезната врата од „Емирати“ ќе им биде покажана на неколку искусни фудбалери и на неколку помлади. Карта во една насока сигурно ќе добијат Жоржињо, Рахим Стерлинг и Томас Парти.