„Ќе им се врши гинеколошки преглед“ Нови детали од хоророт во Брчко: Постои сомнеж дека девојчињата биле злоупотребувани

959

Во јавување во „Блиц дан“, новинарката на Телевизијата на Босна и Херцеговина, Ивана Трбиќ, ги изнесе последните информации за случајот во Брчко, каде вчера полицијата пронашла куќа во која престојувало 31 дете, за кои постои сомнеж дека се жртви на трговија со луѓе. Како што истакна таа, неофицијално се дознава дека некои девојчиња се испратени на гинеколошки преглед.

„Она што успеавме да го дознаеме е дека децата се згрижени и лекарски прегледани. Неофицијално, девојчињата од оваа група се испратени на гинеколошки преглед“, истакна Трбиќ.

Таа додаде дека сѐ уште е рано за конечни заклучоци, но се сомневаат дека се работи за кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца, запоставување и злоупотреба на деца.

„Обвинителството сè уште проверува дали настанот ги претставува овие кривични дела. Најважно во моментов е децата да се добро, безбедни и згрижени, а дополнителни информации ќе бидат познати подоцна“, изјави новинарката.

Децата имале хрватски пасоши
Според последните информации, кај децата биле пронајдени пасоши на Република Хрватска, и дека ги чувала одредена жена, најверојатно италијанска државјанка. Каков бил планот на криминалната група во контекст на децата сега е предмет на истрага.

Некои документи се истечени, што уште повеќе ја отежнува проверката на идентитетот на децата“, заклучува новинарката.

Најмалото меѓу децата е бебе од неколку месеци
Да потсетиме, полицијата откри 31 дете за кои се сомневаат дека биле жртви на трговија со луѓе. Децата кои биле пронајдени во куќата се на возраст до 12 години, а најмалото меѓу нив е бебе од неколку месеци. Центарот за социјална работа во соработка со Црвениот крст и Обвинителството во Брчко ја презедоа грижата за децата.

Како што напиша „Блиц“, полицијата упаднала во куќа во Брчко каде затекнала 31 дете со, наводно, хрватски пасоши, за што се уапсени три лица.

Според неофицијални информации на „Блиц“, во акцијата за расветлување на овој несекојдневен случај, уапсени се уште 2 лица осомничени за трговија со деца.

Вчера, полициски службеници на округот Брчко БиХ, под надзор на Обвинителството на округот Брчко БиХ и во соработка со Пододделот за социјална заштита на округот Брчко БиХ и Црвениот крст на округот Брчко БиХ, пронашле голем број деца и ги однеле на безбедно место.

– Во рамки на досегашните активности, три лица се лишени од слобода поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „Трговија со луѓе“ од член 207а, „Трговија со деца“ и „Напуштање или злоупотреба на дете“ од округот Брчко од БиХ.

Како што пренесуваат медиумите, постои сомнеж дека судскиот стражар и неговата мајка тргувале со деца во Брчко.

Куќата на ужасите во Брчко наводно била откриена кога една од девојките (12) излегла на улица и побарала помош од случаен минувач.

ИЗДВОЕНИ