Поранешните директори на фудбалскиот клуб Јувентус, Андреа Ањели, Павел Недвед и Фабио Паратичи, ќе се појават на суд на 19 мај, за финансиска измама.
Судијката Ана Марија Гавони од Судот во Рино го одби барањето на Јувентус и на адвокатите на обвинетите за откажување на рочиштето поради технички детали, објави „Калчо финанца“.
Првото рочиште ќе се одржи во Судот на 19 мај, а ќе се појават поранешниот претседател на Јувентус – Андреа Ањели, поранешниот потпретседател – Павел Недвед, поранешниот извршен директор – Маурицио Аривабене и поранешниот спортски директор – Фабио Паратичи. Тие беа суспендирани од фудбалот поради фалсификување финансиски извештаи и деловна неправилност.
Суспензиите се движат од шест до 30 месеци, а по добивањето на казните, ќе добијат и откази од торинскиот клуб, на кој му се одземени 15 бода.