Ќе донесе ли Ла Ниња уште едно пеколно лето?

119

Климатолошкиот феномен Ла Ниња ќе биде присутен и во текот на летните месеци, односно, до самиот крај од оваа 2025 година. Изминатите неколку лета сме сведоци на се почести временски непогоди и поплави во регионот, но и во Македонија секако. За жал, истите се, се посилни.

Што се однесува до летото 2025 година, тоа ќе помине во знакот на температурно гледано околу просекот, односно типични температури за летниот период, иако, се можни сосема мали исклучоци, односно, сосема мало позитивно отстапување на температурите, поточно, летото оваа година може да биде потопло само за 0.5 степени, што не е ништо особено значително, пишува Метеоаларм во најновите метеоролошки анализи.

Секако и покрај ова, нормално е дека треба да очекуваме поголеми, но краткотрајни топлотни бранови, но се на се, многу се мали условите оваа 2025 година да имаме екстремно топло лето, судејќи на најновите излези на прогностичките материјали.

Што се однесува до врнежите, во нашиот дел од Европа очекуваме чести врнежи и временски непогоди ова лето. Поголеми се условите и за развој на суперкелијски облаци, временски непогоди кои може да условат поголеми поплавувања.

Според она што може да се види на прогностичките материјали, најмногу врнежи ова лето може да очекуваме во Македонија, но и во соседните земји. Сепак, во соседните земји условите за временски непогоди се нешто помали, но тоа не значи дека и нема да ги има.

ИЗДВОЕНИ