„Ќе бидат објавени важни одлуки“! Вучиќ, Вучевиќ и Брнабиќ ќе и се обратат на јавноста

146

Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ денеска ќе и се обратат на јавноста, дознава Euronews Србија.

Обраќањето на Вучиќ, Вучевиќ и Брнабиќ е закажано за попладне. Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека ќе се осврнат на актуелната состојба во државата.

Ќе бидат објавени некои важни одлуки“, изјави Брнабиќ и додаде дека ќе има уште работа и дека се уште не е сè договорено.

Таа изјави дека „тема на обраќањето ќе бидат актуелните состојби и случувања во државата“.

Брнабиќ оцени дека барањата на студентите се такви што можеби нема да можат да се исполнат.

„Нема дијалог, не се знае која е другата страна. Ќе испадне дека се базира на принципот „ти недостига еден документ“ и дека нема врска со настрешницата. Ако недостига само тоа, сега тоа е објавено, а во тој случај „од четири, три барања се исполнети. Сега велат дека тие 20 проценти не важат за исполнетото. Сега на потег е Владата“, рече Брнабиќ, која гостуваше во емисијата Хит Твит со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Брнабиќ истакна дека Вучиќ во саботата побарал да се исполнат сите четири барања на студентскиот пленум.

ИЗДВОЕНИ