КДБ одлучи за кого ќе игра следната сезона

27
epa11889226 Kevin De Bruyne of Manchester City gestures during the UEFA Champions League knockout phase play-offs 1st leg match between Manchester City and Real Madrid, in Manchester, Britain, 11 February 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Кевин Де Бруин со години е еден од главните играчи на Манчестер Сити, но јасно е дека годините веќе го направија своето и Белгиецот не игра на истото ниво како порано.

Играчот за врска се „удави во сивилото“ на англискиот шампион, кој оваа сезона игра очајно, а сигурно е дека на лето ќе бидеме сведоци голем ремонт кога е во прашање играчкиот кадар на „Итихад“.

Веќе многу се шпекулира за играчите кои би можеле да го напуштат Сити на крајот од оваа сезона, а на таа листа на првото место е Де Бруин.

Белгискиот интернационалец има договор со „граѓаните“ до крајот на сезоната и веќе е познато дека одредени клубови од американската МЛС и Саудиска Арабија би сакале да го видат во своите редови.

Иако многумина веруваат дека КДБ по десет години го напушта Сити, не е исклучено да дојде до неочекуван пресврт.

Пеп Гвардиола пред неколку дена јасно му стави до знаење на КДВ дека веќе го нема истиот статус како порано и дека во најголемите натпревари веројатно помладите ќе имаат предност, но тоа не влијаеше премногу на Белгиецот бидејќи и самиот е свесен дека тоа е логична одлука.

Последните информации од Англија се дека Де Бруин сака да остане во Манчестер и се надева на нов договор, а на Гвардиола и на челниците на клубот им ставил до знаење дека е подготвен да биде замена следната сезона и дека воопшто не му пречи.

Исто така, се наведува дека тој изненадувачки реагирал на изјавата на Гвардиола и дека му е благодарен на Шпанецот што бил искрен со него без разлика што ќе игра помалку.

КДБ не е премногу заинтересиран да замине надвор од Европа и целта му е да остане што подолго на највисоко ниво. И неговата сопруга ја поддржува таа одлука и не е заинтересирана да оди во Америка, особено не во С. Арабија.

ИЗДВОЕНИ