Казни за несоодветно поставување урбана опрема

908

Инспекторите на Општина Центар се на терен и вршат надзор над спроведувањето на одобренијата за поставување на урбана опрема од страна на правни субјекти.

Во таа насока,од Општина Центар упатуваат апел до сите правни субјекти што имаат поставено урбана опрема да го усогласат своето работење согласно решението што го имаат добиено од општината.

-За секоја узурпација на јавниот простор за која нема соодветно одобрение ќе бидат издадени соодветни решенија за отстранување или глоби и казни согласно сериозноста на прекршокот што инспекциските служби ќе го констатираат на терен – потенцираат од локалната самоуправа.