Кавгите во пратеничките клупи не се новина – долг е списокот на навреди

112

Собраниските микрофони во изминативе години забележеле многу недостојни зборови кои ги изговарале македонските пратеници. Така, лани, при кавгата со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Левица Димитар Апасиев и пцуеше со зборовите: „Сестра да ти ја …“. „Да ти ја …. устата смрдлива“. Славјанка Петровска, пак, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека „стои зад и ги одобрува мафијашките пресметки“ откако претходно го проблематизира и патувањето на Мицкоски со својот син во Вашингтон.

Талат Џафери од ДУИ во јануари на пратеникот Ријад Шаќири од Вреди му порача „да го поздравиш многу татко ти, и ти предлагам да не навлегуваш многу во детали за одредени теми“. Џафери уште им порача на пратениците од Вреди да „Можат да му ги измијат нозете на Али Ахмети  и да ја пијат водата“.

Ријад Шаќири во декември 2024 година, пак, употреби сексистички јазик кон пратеничката Илире Даути, на која ѝ рече „не ја злоупотребувај мојата хуманост што те третирам како жена, бидејќи да беше маж, поинаку ќе зборувавме“.

Во текот на мандатот на претходниот собраниски состав, премиерот Зоран Заев од тогашната опозиција беше нарекуван како „топ-шоп мандатар“, односно дека ветувал сè и сешто, а тој им возвраќал дека се „Дормео опозиција“, алудирајќи дека на овие познати душеци ги преспале битните одлуки за државата.

 

ИЗДВОЕНИ