Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по телото нејзината мајка С.С.С., на возраст од 52 години, известија од СВР-Велес – ОВР-Кавадарци.
Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО – Кавадарци, по чија наредба, телото било дадено на обдукција.
Од СВР – Велес додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.