Катедралата Нотр Дом полека се полни пред свеченото отворање на реновираната зграда

477
epa11762982 US President-elect Donald Trump (C-L) shakes hands with German President Frank-Walter Steinmeier (C-R) inside the Notre Dame de Paris cathedral, ahead of its official reopening ceremony, in Paris, France, 07 December 2024. The Notre Dame de Paris Cathedral reopens on 07 December after nearly six years of renovation work following its destruction by a fire on 15 April 2019. EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Катедралата Нотр Дам полека се полни во дождливото време пред нејзината церемонија на повторно отворање, пет години по разорниот пожар во 2019 година.

Големaтa органa, обновенa и исчистенa по пожарот, повторно ќе свири во текот на оваа историска вечер, објави Фигаро.

„Претседателот (на Франција, Емануел Макрон) ќе одржи говор во катедралата поради временските услови“, рече бискупот Рибадо Дима, администратор на катедралата.

Пензионираниот министер за внатрешни работи Бруно Ретахо изјави за ФрансИнфо дека Нотр Дам е Париз, Нотр Дам е Франција и многу повеќе од тоа.

Пристапот за јавноста е отворен околу кејот Монтебело во 15:00 часот.

На сите пристапни точки на левиот брег на Сена, од пладне се создаваат долги редици, а шефовите на држави и други официјални лица треба да пристигнат на десниот брег.

Париската катедрала Нотр Дам денеска повторно ќе ги отвори вратите, откако беше повторно изградена по пожарот што ја зафати познатата зграда пред пет и пол години.

На церемонијата ќе присуствуваат многу јавни личности, меѓу кои највисоки претставници на светските земји, познати уметници и високи свештеници.

По краткиот секуларен говор на Макрон пред катедралата, парискиот надбискуп ќе ја изврши првата церемонија и ќе ги отвори вратите на зградата, по што ќе следи литургија со благослов.

Свеченоста ќе заврши со концерт, нешто по 21 часот.

Готското ремек дело од 12 век се запали во 2019 година, кога избувна под покривот на зградата, а пожарот беше изгаснат 15 часа подоцна.

Во пожарот изгорела покривната конструкција со камбанаријата, а тешко е оштетена внатрешноста на катедралата, горните ѕидови и прозорците, јавува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ