Пливачката Кејт Даглас повторно го собори светскиот рекорд на 200 градно во кратки базени (25 метри). На третиот митинг од серијата на Светскиот куп во Сингапур, Американката ја мина делницата за неверојатни 2:12.72 минути.
За речиси секунда и пол го подобри сопствениот личен и светски рекорд (2:14.16), кој го постави пред само шест дена, на натпреварот во Инчеон, Јужна Кореја.
Првиот ден во Сингапур беше обележан и од Лео Маршанд. Четирикратниот олимписки шампион победи на 100 мешано со 49,92, што е рекорд на Светскиот куп. Светскиот рекорд и понатаму е во сопственост на Кејлеб Дресел, со 49,28 секунди.