КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Жена загина, илјадници се евакуирани од северот на Квинсленд/ВИДЕО

47

Во поплавите кои зафатија големи области на северот на Квинсленд, една жена загина, а илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, јавија денеска австралиските медиуми.

Жителите на погодените области, особено околу Таунсвил и Ингам, се предупредени да бидат во состојба на готовност за поплави и крокодили откако во текот на викендот паднаа повеќе од 800 милиметри дожд во делови од регионот, а се очекуваат потенцијално повеќе врнежи, објави .com .

Премиерот на Квинсленд, Дејвид Крисафули, потврди дека една жена загинала во поплавите во Ингам, на околу 100 километри од Таунсвил, откако се превртел чамец за спасување кој удрил во дрво на улицата Ратлиџ.

ИЗДВОЕНИ