Некогаш најдобрата скијачка на светот, Линдзи Вон, се врати на патеката на 41 година, по речиси шест години пауза и по пензионирањето за кое мислевме дека нема да биде прекинато. Резултатот што го постигна не беше импресивен, но не се сомневаме дека наскоро ќе биде на своето препознатливо ниво.
Таа го освои 24. место во спустот од вториот ФИС-ранг, кој се одржа во Купер Маунтин, Колорадо. Таа заостана 1,44 секунди зад победничката Мирјам Пухнер од Австрија. Тоа во никој случај не е во согласност со репутацијата на една од најголемите скијачки на сите времиња и победничка на 82 трки во Светскиот куп, која ја заврши својата кариера во 2019 година, поради бројните проблеми со повредите. Откако годинава, конечно, заздрави од повредата на десното колено, таа се врати на патеката со специјална покана, поради новите правила на Светската скијачка федерација.
Вон има златен медал од Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, како и два бронзени медала – од 2010 година и од Пјонгчанг во 2018 година. Во Светскиот куп освои четири големи и 15 мали кристални глобуси.