Катастрофа кај Египет: Се судрија носач на авиони и брод – итно се огласи морнарицата

109

Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, истакнувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.

Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М во средата доцна навечер кај Порт Саид, Египет.

„Хари С. Труман не беше загрозен од судирот и нема извештаи за повредени. Погонските постројки не беа погодени и се во безбедна и стабилна состојба“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ