Катаклизма на француската политичка сцена: Лидерката на националната десница не може да се кандидира за претседателка на Франција

1063
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Францускиот суд ја осуди лидерката на националната десница, Марин Ле Пен, на две години затвор и две години условна, со манжетни на нозете и 100.000 евра, покрај мерката забрана за избор во траење од пет години, при што мерката стапува во сила веднаш, без оглед на можна жалба.

Тоа значи дека Ле Пен нема да може да се кандидира за претседател на Франција на изборите што ќе се одржат во 2027 година, иако таа беше фаворит. Сепак, таа сѐ уште има можност да се жали на овој дел од одлуката.

Оваа одлука предизвика вистинска катаклизма на француската политичка сцена.

На Ле Пен и се судеше во аферата за фиктивно вработување на пратенички соработници на нејзината партија во Европскиот парламент.

Пресуди беа изречени и за другите членови на партијата кои исто така беа на обвинителна клупа.

Националниот фронт има „резервен кандидат“ за претседателските избори, претседателот на партијата Џордан Бардела, но тој нема политичко искуство како Марин Ле Пен.

Марин Ле Пен прво на суд чекаше одлука со која беше потврдено дека ќе и биде забрането да биде кандидат. После тоа, таа ја напушти судницата, без да чека да дознае каква казна и е изречена во првостепената постапка.

ИЗДВОЕНИ