Општина Тетово продолжува да го води процесот за преименување на улици во градот и именување на нови улици и во таа насока објави 30 дневен јавен повик за доставување на предлози. Општина Тетово ги игнорира јавните апели на Сојузот на борци, политичките партии и граѓаните, како и ставот на Владата дека е неприфатливо преименување на постоечки имиња на улици во градот Тетово и упорно води постапка и за преименување на улици.

– Будно го следиме процесот и примаме почетни загрижувачки информации кои говорат дека Општина Тетово само се обидува да глуми демократија и вклученост на граѓаните, а дека во суштина предлогот веќе е на бирото на градоначалникот – велат од Сојузот на борците.

Законот забранува водење на постапка за определување на имиња на улици најмалку 6 месеци пред одржување на локални изори, па ваквото брзање, глумење демократија, игнорирање на апели и поминување на претходно зацртани предлози е само во служба на предизборието и креирањето на меѓунационална криза и треба веднаш да престане.

ИЗДВОЕНИ