ДУИ се свесни дека ќе ги изгубат наредните избори и затоа бараат начин како да не учествуват во тој процес, изјави претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами. Според Касами, предлогот што лидерот на интегративците Али Ахмети го дал на партиски собир, во октомври покрај локалните избори да има и вонредни парламентарни избори, не е прифатлив за партиите кои се дел од извршната власт. Касами со оцена дека секојдневно ДУИ создава алиби за да не учествува на локалните избори.
-Имајќи предвид дека нивните проценки се дека во главните урбани средини, кај што се мнозинство, Aлбанците би изгубиле и затоа е и нивното последно барање да заедно со локалните извори се оди и со парламентарни избори кога знаат дека тоа барање нема да се прифати од актуелното владино мнозинство. Значи, ние гледаме така на тоа, имајќи предвид уште и тоа дека нивниот главен стратег за избори, a тоа е поранешниот вице-премиер Артан Груби кој веќе е во егзил. Тие се без ориентир и бараат алиби како да не одат на локални избори, оцени Касами денеска во Тетово на новинарски прашања по седницата на Советот.