Карпош накратко остана без снабдување со електрична енергија

144

Општина Карпош повторно доби електрична енергија откако претходно поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад” населеното место остана во мрак.

Информацијата за ТВ Телма ја потврдуваат од ЕВН.

– Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината, информираат од ЕВН.

Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.

Од таму велат дека во моментов сѐ уште се работи на потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници.

ИЗДВОЕНИ