На спортското игралиште ,,Алумина”, во Карпош во саботата за прв пат се одржа Скопскиот училиштен рагби фестивал, а Општина Карпош го поддржа овој спортски настан.
Француската амбасада во Скопје им помогна на турнирите во рагби во Македонија да го прослават Светскиот куп во рагби Франција 2023 година со училишен турнир кој што се одржа на воениот стадион на АРМ во ноември минатата година. Оваа година, бидејќи Олимпијадата се одржа во Франција (Париз), уште поголема причина, француската амбасада понуди да помогне да се прослави Олимпијадата со овој фестивал за рагби меѓу училиштата од Македонија.
Имено, на рагби фестивалот, кој станува омилен меѓу помладата популација, учествуваа учениците од четири основни училишта од Општина Карпош, ,,Петар Поп Арсов”, ,,Братство”, ,,Војдан Чернодрински” и ,,Димо Хаџи Димов”, кои се натпреваруваа во две категории, под 12 и под 14 години.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски, преку својот поздравен говор, ја прогласи оваа спортска манифестација за отворена, им посака среќа на натпреварувачите и дополни дека Општина Карпош дава поддршка за спортски настани и во таа насока обезбедува и стипендии за најталентираните ученици како и дава финансиска поддршка за спортски клубови.